1:9 милиони и 300 илјади се шансите да се загине во терористички напад

0
847

Во изминатите месеци се случија повеќе терористички напади во Европа а и во Турција. На повеќето од нас ваквата ситуација сигурно ни ја променува сликата која порано сме ја имале за организирано безбедно патување. Во дилема сме дали да заминеме на некое патување, дали да планираме летен годишен одмор, дали терористичките напади ќе не одвратат од купувањето на авионска карта за да посетиме некоја дестинација? За нас, ова беше доволна причина да се упатиме во ТА Ариес да ни кажат каква е состојбата со распродадени авионски билети?

– Овие дена имаме многу помал интерес за патување. Наша препорака е луѓето да се смират . Знаеме дека секаде нивото на безбедност е максимално, и пред да патуваат можат да се јават и да прашаат каква е состојбата во тоа место, каде да се обратат кога ќе пристигнат во некоја држава, бидејќи секаде институциите работат. Тоа можеме да им го кажеме. За жал никој не може да претпостави и да знае каде е безбедно да се патува и каде може да има проблем, изјави Никола Митревски ТА Ариес

Ситуацијата која што е во светот моментално врз туризмот се одразува многу сериозно вели Митревски и додава дека влијаат многу фактори кои што се во самата психа на човекот .

– Кога се патува човек не може да биде сигурен дека во таа земја нешто може да се случи, Не може да се предвиди што и како ќе биде. Не може да речите дека ако одите во арапскиот свет ќе има терористички напади или слично, освен ако не одите во земја која што е во војна. Но животот мора да продолжи , луѓето мора да се движат и ќе продолжат и понатаму да патуваат, вели Митревски

Статистичките податоци говорат:

– шансите да се удавите во сопствената када се 1:685 илјади
– шансите да умрете од удар на гром е 1:576 илајди
– шансите да сами се повредите се 1:9.830
– додека пак шансите да загинете во сообраќајна несреќа се 1:18.585
– а шансите да загинете во терористички напад се 1:9 милиони и 300 илјади
– шансите терористи да го срушат авионот се 1:25 милиони.

Ваше е да одлучите, дали ќе останете дома или пак ќе заминете на некоја од вашите посакувани дестинации.