1 милион денари од Битола за настраданите од поплавите

0
1473

1 милион денари за настраданите од поплавите во скопско. Ваква одлука на вонредна седница едногласно донесоа советниците од општина Битола со цел да им се помогне на настраданите граѓани од поплавите во град Скопје.

– Одлуката за доделување на финансиска помош за настраданите од поплавите во Р.Македонија и ја формиравме директно на комисијата, на која што одлучивме да издвоиме 1 милион денари од буџетот на општина Битола и тие сретства ќе бидат префрлени на сметката на солидарниот фонд. Исто така со помош се вклучени и сите ЈП од градот, изјави Силвана Ангелевска претседател на Совет на општина Битола

Пред да биде ставена точката на дневен ред за гласање беше отворена расправа по истата

Одлуката беше изгласана од страна на сите членови во Советот . Оваа одлука во рок од три дена Советот на општина Битола треба да ја достави до градоначалникот, кој што треба да ја одобри па да излезе во службено гласило на општина Битола. Но како тоа ќе се изведе со оглед на тоа што градоначалникот Талески е во домашен куќен притвор за случајот Транспортер. На прашањето пак до советниците дали некој од нив поднел иницијатива за откажување на месечниот паушал, добивме одговоро дека на тоа не се сетиле ниту советниците од власта ниту пак советниците од опозицијата. За разлика од битолските советници, советниците од општина Ресен се откажаа од дел од месечниот паушал и го донираа за настраданите од поплавите во скопско.

На денешната вонредна седница советниците со едно минутно молчење им оддадоа почит на загинатите во поплавените подрачја.