-1 во Битола, со магла и слаба видливост

0
485

И понеделник нема да донесе некоја особена промена на времето. Котлините и речните долини овој ден ќе го започнат со магла / ниска облачност. За разлика од недела, во понеделник поголема е веројатноста за позначајно расчистување на оваа облачност, и тоа во доцните претпладневни часови.

Сончево време очекваме на повисоките места, во текот на целиот ден.

Утрото низ котлините ќе донесе минимална температура околу 0°С.

Максималната температура ќе има вредности помеѓу 10°С и 12°С низ котлините во западниот и северниот регион, а во поширокото гевгелиско подрачје околу 17°С.

Има веројатност местата кои подолго ќе останат под слој на ниска облачност да имаат мала стагнација на температурата во текот на денот.