10.000 евакуирани поради пожари во Франција

0
428

Околу 10.000 лица се евакуирани денеска откако избија пожари во Франција. Евакуираните биле сместени во три кампови на југоистокот на Франција. Повредени засега нема.

Пожарите, кои ги разгорел силен ветер, избувнале во Вар, околу Фрејус и Бодуен.

Триесет камп куќички изгореле во еден од камповите во Фрејус, и уште десет во друг. Во гаснењето на пожарите учествувале 216 пожарникари со 50 возила.

Грионде, на југозападот на Франција, исто така е погоден од петокот со големи пожари, кои уништиле околу 580 хектари борова шума, а евакуирани се околу 600 лица.

Без коментари

LEAVE A REPLY