10.000 евра од донаторска емисија на турската телевизија Тек Румели

0
177
Турската телевизија Тек Румели соопшти дека од синоќешната донаторска емисија која ја организираа за помош на настраданите од поплавите во скопскио регион, преку СМС пораки собрале 10.000 евра.
Гости во оваа емисија беа балкански бизнисмени членови на Фондацијата на иселеници кои најавија за следната недела помош за Македонија, градоначалници од општини во Турција, хуманитарната фондација ИХХ со која телевизија заедно ја организираше ова донаторска емисија.
Донатоции за Македонија со неколку шлепери ќе стигнат од општината Бајрам Паша, Ејуп, а Бурса веќе испрати помош.
И здружението на иселеници од Румелија најавија околу 20.000 евра кои ќе бидат испратени за Македонија.
https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=Q09X9Sxa1Xk#t=11