10.000 цртежи на 36-тото издание на Малиот битолски Монмартр

0
1065

Mалиот битолски Mонмартр е исклучителен светски настан од областа на ликовното воспитување на младите. Во своето досегашно постоење успешно се позиционираше како еден од најзначајните детски уметнички настани не само во Македонија туку и во целиот свет.
Низ годините им се овозможува на децата учесници од целиот свет можност за креативно творештво преку различни ликовни техники.
По 36 ти пат ќе се одржи светскиот реномиран фестивал кој го слави детското ликовно творештво Малиот битолски Монмартр.
Оваа година пристигнале 10.000 цртежи од 32 земји.
На 36 тото издание ќе учествуваат 90 гости од 14 земји.
Ликовниот караван оваа година ќе биде и во Вевчани и Охрид.

Екипата од Словачка по трет пат добива гран при. Останатите награди за најдобра колекција, најдобри поединци, награди за ликовни педагози, ќе бидат соопштени и доделени на 30- ти мај на свеченото затворање на фестивалот.
Свеченото отворање е во вторник 23- ти мај, на кое ќе настапат Боемите.
За успехот на Монмартарот зборуваат бројките. Колекцијата на уметнички дела во изминатите 35 изданија е повеќе од 500.000 слики направени од деца од целиот свет.До сега Монмартарот бил домаќин на повеќе од 850 тимови, 4000 учесници, уметнички педагози и други гости. Единствена манифестација е каде под еден покрив се организира светската ликовна колонија и изложба како и светскиот ликовен хепенинг.