10 дена до распуштање на Собранието

0
363

За изборите да се одржат на 5 јуни, според законскиот рок, парламентот треба да се распушти на 7-ми април. Дотогаш остануваат само десет дена и незавршени обврски.

ДИК дури од денеска ќе ја започне теренската проверка на околу 89.000 неконзистени гласачи, која ќе ја спроведат 374 анкетари. Се` уште се прават консултации дали и како ќе се проверат 124.000 гласачи, за кои првично беше одлучено дека нема бидат предмет на теренска проверка.