10 години постоење на панк рок бендот Спанк

0
536

Битолскиот панк рок бенд Спанк одбележа 10 години постоење со концертен настап во Порта џез.

-Ова е еден од нашите најдобри настапи, посебно е чуството кога настапувате пред својата публика-истакнува во интервјуто за Тера, Мирче Пејковски.

Пред Новата година, Спанк го промовираа својот најнов видео запис со наслов Патоказ.

Во текот на изминатите 10 години, Спанк снимија 3 албуми, а во моментот работат на новиот од кој веќе 7 песни се снимени.

Спанк е панк рок, ска бенд од Битола, чии членови се Мирко Пејковски – бас и вокал, Влатко Симоновски – гитара и вокал, Иле Лулевски – Тапани и Кристијан Магденовски – гитара.