10 извонредни документарци на годинашниот Браќа Манаки

0
217

Во документарната програма на ИФФК.Браќа Манаки, ќе се прикажат 10-тина наслови кои го содржат режисерскиот концепт на ангажираност кој антиципира присутност на актуелниот момент во постоењето на акцијата и немирот на протагонистите.

– Тука се документарците на Арто Халонен од Финска и Андреас Коефојд од Данска, документарецот на грчкиот режисер Апостолос Каракасис, апокалиптичните слики на цивилизацијата на австрискиот режисер Николаус Геирхалтер пред кои остануваме вџашени, пред тенковите и цвеќињата на украинките Алиса Коваленко и Љубов Дуракова ја славиме слабоста што ја „емитува“ љубовниот неспокој, а наместо воените зони и непредвидливите бркотници по прашливите улици „трасирани“ од пците на војните, Сјорс Свиестра се „свива“ во литературата и убавините на малите нешта, најголемите човекови заблуди и љубови-истакнува уметничкиот директор на фестивалот и селекторот на документарната програма Гена Теодосиевска.

Словенецот Жига Вирц не враќа во едно наше конторверзно минато и  со својата најнова документарна сторија, која тој повеќе сака да функционира како мит отколку како факти и интригира илјадници гледачи во фестивалските сали, во овој документарец се појаува и Тито,  додека младата германска авторка Јулијане Хенрих преку интроспекција, есеистички го поставува прашањето за тоа што во поширока општесвена и естетска смисла значи Западот како концепт, како архитектонски ритам , како начин на живот.

Големо внимание привлекува и Мак поинт програмата кој од година во година има се повеќе посетители и истата ја дава сликата што се продуцира во филмската уметност кај нас.