10-то издание на роднокрајната средба на битолските писатели

0
167

Во Битола се одржа 10-та роднокрајна средба со битолските писатели , која се одржа во НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола.

20 писатели кои имаат некаква конекција со Битола, зедоа учество на годинешната роднокрајна писателска средба. Нивните овогодишни излагања беа на темата- Творечката имагинација и уметникот во моите дела.

Големиот број на писатели кои присуствуваа на овогодинешната роднокрајна средба и овој пат оставаат свој белег во македонското литературно творештво.

Promocija_Na_Kniga_-_2.jpg

Темата примамлива за учесниците, а се она што беше изложено на средбата, ќе биде публикувано во зборник.

За писателите од Битола и битолско оваа средба е многу значајна, затоа што тие можат да споделат голем број теми од литературата и книжевноста, околу нивното творештво и од влијанието на минатото врз сегашната состојба во македонското писателско делување.