10-то јубилејно издание на Локум фест

0
1042

Оваа година ќе се одржи 10 -тото јубилејно издание на етно-фјужн фестивалот
„Локум фест-музика и традиција” .На денешната прес конференција во Бар Чаршија во старата битолска чаршија, беа соопштени повеќе информации околу фестивалот, беше претставена овогодинешната програма , постерот, досегашните успеси, а беа објавени и признанијата за поддршка на независната културна сцена и трајните вредности за медиуми и спонзори.

Фестивалот кој е во организација на Центарот за културна деконтаминација, името го добива како синоним на една битолска традиција, која ги поврзувала луѓето.
Во изминатите 10 изданија на Локум фест, настапиле над 45 групи и ансамбли од Македонија и други земји од светот.
Повеќе изложби на ракотворби, фотографии, предмети се дел од Локум фест .
Од 2007 та година рамноправен партнер на фестивалот е здружението на ракотворци на Македонија, кое му дава посебен шарм на Локум фест.
10- тото издание на Локум фест ќе се одржи на 21- ви јули во старата битолска чаршија и тоа со изложжба на ракотворби, загревање со староградска музика и главниот настан, настапот на словенечката група Етно трип.
Првото издание на Локум фест се одржа во 2007- та година.