100 000 денари и советничките паушали за настраданите во скопско

0
474

-На вчерашната вонредна 50-та седница во општина Ресен беше изгласано општината да помогне со парични средства во износ од 100 илјади денари за настраданите од поплавените подрачја. На тоа се надоврзаа и советниците кои што издвоија дел од своите месечни паушали како помош за настраданите. Во просториите пак на општинската зграда на Општина Ресен , од вчера 08.08 до петок 12.08.2016 во времетраење од 10 до 15 часот , Општинската Организација на Црвениот Крст на Ресен и Општина Ресен отворија Пункт за собирање на помош за настраданите во невремето кое го зафати Главниот Град Скопје, изјави д-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на општина Ресен