1000 мигранти се степаа на границата помеѓу Грција и Македонија

0
595

Денес попладне на грчко-македонската граница избувнале судири помеѓу мигрантите кои се обидуваат да преминат на територијата на Република Македонија.

Судирите избувнале откако околу 1.000 луѓе се обиделе да ја поминат одеднаш граничната бразда. Македонските власти не дозволуваат повеќе од 50 лица истовремено да влезат на нејзина територија.

И денес до границата со Република Македонија пристигнаа десетици автобуси, преполни со имигранти. Сите тие слегуваат во Идомени, најблиската локација до Македонија. Според грчката погранична полиција секој ден поминуваат по околу 1.000 бегалци.

Сите тие се транспортираат организирано од властите во Атина до границата.

Властите во Скопје соопштија дека по 19 јуни до денес од Грција пристигнале околу 50 000 луѓе.

Повеќето од нив продолжуваат транзит низ Македонија и влегуваат во Србија преку граничниот премин Табановце. Потоа тоа се упатуваат кон приемен логор во Прешево, во југоисточниот дел на Србија.

Без коментари

LEAVE A REPLY