107 години албанка азбука

0
338

Министрите за образование на Македонија Косово и на Албанија вчера во Музејот на албанската азбука во Битола потпишаа Извршна заедничка програма.На чинот на потпишувањето вицепремиерот за Рамковен договор Муса Џафери, рече дека со потпишувањето на овие програми се продлабочува соработката во областа на образованието.

musa

Министерот Адеми изјави дека потпишаниот документ произлегува како обврска од договорот потпишан во Валона.Текстовите на договорот се усогласени меѓу нашите групи и ја имаат нивната симболика. Тие се еден чекор понапред од спроведувањето на потпишаното во Валона. Тие претставуваат конкретни проекти меѓу нашите земји, размена на студенти, академски кадар, заеднички програми и така натаму. Се разбира, определувањето на делегатите на Битолскиот Конгрес пред 107 години е проевропска определба и потпишување на оваа извршна програма денеска значи усогласување на меѓусебниот образовен простор на нашите земји, рече Адеми.

Тој изрази надеж дека на следната средба во Призрен ќе ги заокружат активностите во трите историски албански центри ­ Валона, Битола и Призрен.

Министерката за образование и наука на Албанија, Линдита Никола, поздравувајќи го потпишувањето на овие програми, рече дека соработката во образованието меѓу трите земји ќе се продлабочи повеќе со реализација на конкретни проекти и програми.

министерот за образование на Косово, Арсим Бајрами рече дека денеска трите земји се обврзале дека ќе работат заедно за спроведување на заедничката платформа во областа на образованието и науката.

kultura

Во Центарот за култура синоќа се одржа Свечена академија за 107 годишнината од албанската азбука во Битола

Точно пред 107 години во Битола беше создадена албанската азбука. На 22 ноември 5о албански делегати од 26 градови одлучија  да се прифати латиницата со адаптитрани букви на особеностите на албанскиот јазик.Албанците го слават,за нив еден од најголемите културни настани но и почеток на писменоста.

Без коментари

LEAVE A REPLY