11 дена штрајк на судската администрација во Битола

0
904

Судската администрација во Битола веќе 11 дена штрајкова .Тие преку штрајковите бараат 35 отсто за додатоците за плата, како што им беа зголемени мартовските плати на судиите, јавните обвинители и на вработените во јавно – обвинителската служба.

Покрај решавање на проблемот со платите, вработените во судовите бараат измени на спорните одредби од Законот за судска служба, Законот за јавен сектор и Законот за административни службеници, како и враќање на работното време за судските службеници, од 7:30 до 15:30 часот.