11 години Галерија Дуо Битола

0
406

Повеќе од 10 години на Широк Сокак, постои една мала галерија, но полна со уникатни уметнички дела. Галерија која на едно место ги нуди делата на голем број познати и талентирани странски, но и домашни автори како и дела од самите сопственици.

Уметничко катче на Камен мост, кое плени со мистична атмосфера , впечатлив амбиент -галерија Дуо.

Оваа галерија е синоним на уникатен простор во Битола, во кој се ужива во уметноста, а палетата на услуги е голема. Збирно место на сите љубители на уметноста.

Имено, тоа е простор во кој царува уметноста, уметничко катче исполнето со различни дела во различни уметнички стилови-од религиозни дела и икони, дела и сувенири со тематика од традиционално македонски карактер и фолклор, до барокни дела, модернистички апстракции и дела од декоративното сликарство погодни за секој амбиент.

Тука се и делата со препознатливата архитектура на Битола, Охрид, Дојран и останати убави градови кои се прекрасен подарок за секој повод, до дела по нарачка како портрети, изработка на проектни решенија за работни или стамбени амбиенти.

Едноставно секој љубител на уметноста тука може да пронајде нешто за себе.

Сопствениците на галерија Дуо, истакнаа дека и понатаму ова катче на сите кои ја сакаат уметноста, ќе им нуди уште многу дела.

-Ценете ја и сакајте ја уметноста, тоа е најдобриот двигател за секој уметник да биде уште подобар во она што го твори. А со вашето купување, помагате оваа галерија да биде дело и да го краси Широк Сокак уште многу многу години-истакнаа на крај.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY