11 загинати и 25 повредени во експлозии на аеродромот во Брисел ( ВИДЕО)

0
374

Две експлозии утрово одекнаа во една од зградите на аеродромот во Брисел. Според последните неофицијални информации загинале повеќе луѓе, а има и голем број повредени. Аеродромот во меѓувреме е целосно затворен и во тек е негова евакуација, а блокирани се и сите пристапни патишта кон него.

Засега нема информации дали се работи за терористички напад.

Во земјата со недели е во сила повисок степен на готовност, особено по минатонеделното апсење на еден од главните осомничени за терористичкиот напад во Париз, Салах Абдеслам.