11 загинати во серија експлозии

0
3643

Најмалку 11 лица, од кои 10 деца, загинаа, а 18 се повредени во серија експлозии кои се случија на гасниот терминал во Херат, на западот на Авганистан, соопшти портпаролот на регионалната болница.

Детонациите се слушнале во целиот град, а фотографиите кои се објавени на интернет прикажуваат дека огнот се издига високо.

За сега не е познато дали станува збор за напад или експлозиите се случајно активирани.