1100 кандидати за првиот уписен рок на УКЛО

0
577

На првиот уписен рок на битолскиот Универзитет “Св.Климент Охридски” Битола конкурирале 1100 студенти.
Според ректорот Коруновски, ако се земат во предвид сложените конкурентски услови во виското образование и намалениот наталитет, образовната понуда на УКЛО којашто е препознатлива и хетерогена, го задржува интересот за запишување на овој Универзитет.

– На 11 високообразовни институции во состав на УКЛО во првиот уписен рок конкурирале 1100 студенти, што е во рамки на проектираниот интерес, односно, станува збор за еден константен интерес на пријавените кандидати во однос на минатите години, што е присутно кај сите едници на УКЛО, изјави ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, посочувајќи дека бројките се движат во слични рамки како и во претходните академски години.

По однос на дисперзираните студии Коруновски вели дека од вкупниот број на пријавени кандидати, 1000 матуранти конкурирале на матичните единици, другите 10%, се на дисперзираните студии, главно концентрирани на битолските дисперзии, и дека нема укинување на дисперзиите на УКЛО.

-Не сакавме да одиме со укинување едноставно интересот се покажува кој е заинтересиран а понатаму и она што значи квалитет на наставата, сметаме дека Битола може да трпи и 10% се во рамките на блага проектирана состојба дека тие 10% можи да се вршат по образовните програми на дисперзирани студии, значи 90% се на матичните факултети во матичните инститиции што ме радува многу, изјави Проф.д-р Сашо Коруновски ректор

Универзитетот „Св. Климент Охридски„ –Битола според Конкурсот за упис на нови студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година ќе реализира уште два уписни рока и тоа, вториот на 1 и 4 септември и третиот на 14 септември, може да се запишат вкупно 4095 од кои 2255 во државна квота, 950 со кофинансирање и 890 за вонредни, така да сите незапишани кандидати можи да ги искористат можностите за упис во престојните уписни рокови,во кои може да се запишат кандидати со и без државна матура.

Без коментари