111 цистерни со нафта поминаа на Меџитлија

0
1504

И денеска зголемена фрекфренција на Краварски пат. Заради штрајкот на грчките земјоделци сега од тука влегува целата стока за Македонија. За да не се случи нафтена криза во Македонија, реагираше владата и донесе одлука со која заклучно до 05 март оваа година е овозможено транзит на нафта и нафтени деривати.


Од македонската царинска управа за Тера велат дека од носењето на одлуката до денеска до 8 часот наутро преку  ГП Меџитлија транзитирале сто и единаесет цистерни со нафта и нафтени деривати.

Во објаснувањето на Царината се вели дека Исто така,  поради блокадата на ГП Евзони – Богородица од грчка страна, тројно е зголемена и фреквенцијата на товарни возила кои транзитираат преку ГП Меџитлија со друг вид на стока освен нафтени деривати.  Но, и покрај зголемениот обем на работа, спроведувањето на царинските процедури  се одвива непречено и нема никаков застој, благодарение на навремено преземените активности од страна на Царинската управа, со цел обезбедување на потребните кадровски, логистички и технички услови, се со цел побрз проток на стока и патници.

 


И на царинскиот терминал товарни возила кои што чекаат да ја завршат процедурата.
Вчера грчките фармери не постигнаа договор со владата. Преговорите меѓу претставниците на грчките земјоделци и владината делегација предводена од вицепремиерот Јанис Драгасакис пропаднаа.

 


Потсетуваме дека земјоделците не сакаат да им се зголемуваат придонесите за пензии, кои се земаат од нивните приходи, да имаат неоданочливи 12 000 евра годишно и овој неоданочлив праг да се крева со 3.000 евра на дете, како и да купуваат гориво без акциза на вредност до 15 000 евра.


Штетите по македонската економија доправа ќе се проценуваат, а првичните информаџции се дека се милионски. Жителите на Кравари загрижени за безбедноста на патот и дополнителното загадување на воздухот, како и битолчани кои што велат дека освен сообраќајните гужви ваквото транзитирање ќе го зголеми загадувањето.