112 тела на цивили извлечени од местото на воздушниот напад во Мосул

0
237

Најмалку 112 тела се извлечени од местото на воздушниот напад на коалицијата предводена од САД во Мосул, рече вчера високиот ирачки здравствен функционер Ахмед Дубардани, пренесе Си-ен-ен.

Ова повторно предизвика загриженост за цивилни жртви од коалициските воздушни напади врз борците на ИСИС во градот.

Висок ирачки воен офицер рече дека коалицискиот воздушен напад на 17 март врз камион на ИСИС преполн со експлозиви предизвикал смрт на десетици цивили.

Коалицијата соопшти дека истрагата потврдила дека во еден од нападите тој ден во таа област биле пријавени жртви. Меѓутоа, американските официјални лица не ги потврдија тврдењата на високиот ирачки офицер.

Во саботата и ирачките и американските одбранбени оддели почнаа истраги за можни цивилни жртви во воздушните напади меѓу 17 и 23 март.