114 години од смртта на Гоце Делчев

0
1255

Делчев бил убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Целта на неговото последно патување била намерата да го спречи или одложи предвременото востание, кое во тие денови (2 до 7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание, кое сепак се случи на Илинден, три месеци подоцна.

Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население.

УМС на ВМРО ДПМНЕ во Битола положи свежо цвеќе пред спомен куќата на Делчев во Битола, а пред присутните зборуваше историчарот Ѓорѓи Чекутков.