118 постојки во Битола и 43 села

0
268

Битола ќе добие 68 нови автобуски постојки, додека 50 репарирани постојки ќе бидат поставени во руралните места, онаму каде има линиски превоз, во 43 села. Две од новите постојки веќе се поставени на улицата „Филип Втори Македонски“ во близина на кружниот тек кај Дулие.

-Вкупно ќе се постават 118 постојки, од кои 68 во урбаниот дел, а останатите во руралните места. Во Битола ќе се постават 47 единечни, 11 двојни, 7 единечни со киосци и 3 двојни со киосци. Во 43 села ќе се постават 50 репарирани постојки, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.  taleski postojki

Постојките треба да бидат готови и поставени за 6 месеци. Согласно одлуката на советот, превозниците треба да плаќаат надоместок за секоја постојка на која ќе застанат, но со изјава на нотар може да учествуваат и финансиски во реновирањето, со што се ослободуваат од плаќање на надоместокот.postojki 2

На сите постојки ќе биде поставен возен ред во А3 формат.

-На сите ќе го има возниот ред, а ако има неточности од превозниците ќе има телефон на кој граѓаните ќе можат да пријават, вели Талески.postojki 1

Вредноста на новите и репарираните постојки е 9,5 милиони денари.