11деца се удавија, а тројца се водат за исчезнати

0
1079

Едно возрасно лице и 11 деца загина на езерото Сјамозеро во Карелија, соопшти претставникот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин.

Маркин соопшти дека сите загинат се дел од група туристи од Москва. Според информациите на Министерството за вонредни состојби, во реонот на несреќата било дадено предупредување за бура.

Судбината на четири лица останува непозната, изјавија за ТАСС од прес-службата на МВС Русија за Карелија.

„Во тек е спасувачка операција. 36 лица се спасени: 25 се наоѓаат на островот, уште 11 во селото Кудама. Судбината на четири лица е неизвесна“; изјави началникот на прес-службата на управата.

Истражниот комитет на Русија поведе кривична постапка за загинувањето на 11 ученици кои ги зафати бура во текот на екскурзијата во Карелија.

Според првичните податоци, на 18 јуни учесници во детскиот рехабилитациски логор „Парк-хотел Сјамозеро“ ги зафатила бура додека пловеле во чамци по езерото. Во три чамци имало 47 деца и 4 возрасни инструктори. „Во текот на пловењето по езерото чамците се превртиле и потонале, по што 11 деца и 1 инструктор загинале“, потврди Маркин.

Спасувачката операција продолжува.