12.500.000 за 14 краци

0
352

Со поставување на мешовита канализација, започна реконструкцијата на 14 краци на улицата „Бистра”, односно на 12  ќе биде поставена канализациона мрежа бидејќи два краци веќе имаат. Потоа ќе биде поставена водоводна мрежа и на крај ќе се асфалтираат.

„Во оваа населба пред две до три години интервениравме на две поголеми улици тоа се улиците „Бистра” и „Прогрес”, меѓутоа по барање на мештаните овде има 14 краци кои што се исто така поврзани со улицата „Бистра” и треба да се реконструираат. Заедно со нашите јавни комунални претпријатија, се разбира со Одлука на Совет во буџетот на Општина Битола, ставивме финансиски средства за поддршка и изградба на инфраструктура во делови онаму каде што има потреба на територија на целата наша општина”, изјави градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

Проектот е со вредност од над 12.5 милиони денари, од кои 4.7 милиони е канализационата мрежа, околу 500 илијади водоводна мрежа и останатите околу 7.3 милиони денари  за коловоз, односно асфалтирање