12 години кафе бар Интермецо-Битола

0
705

По повод 12 години постоење на кафе бар Интермецо, во Битола се одржа голема роденденска журка.
Во кафе барот кој е бренд за нашиот град, присуствуваа повеќе гости не само од Битола туку и од другите градови.
Веќе 12 години, младите ширум земјава, особено од Битола живеат модерен и квалитетен ноќен живот, благодарение на кафе бар Интермецо и целиот тим кој се грижи да обезбеди добра забава.
Во изминатите 12 години имавме можност да се дружиме со повеќе реномирани музички имиња токму во овој кафе бар, во центарот на градот.
За роденденската аатмосфера се погрижи Марко Логаут со кој присутните ги пееја добро познатите музички хитови а роденденската атмосфера беше надополнета со роденденската торта.
Да не ги заборавиме забавите и дружењата за време на филмските и музичките фестивали.
Во кафе бар Интермецо, редовно се следат големите спортски натпревари на видео бим, проследени со навивачка атмосфера.
Дополнително во текот на денот, ова место е одличен избор за дневната доза на кафе, дружење со пријателите.
Посетеноста беше голема, забавата доловена, а позитивната атмосфера се ширеше до доцните часови.

Без коментари

LEAVE A REPLY