12 мртви кога египетски војници „во лов на ИСИС“ по грешка застрелале мексикански туристи

0
623

Најмалку 12 лица загинаа, а 10 се повредени кога конвој што пренесувал мексикански туристи преку западната пустина во Египет по грешка бил нападнат од армијата. Војниците мислеле дека туристите се исламистички милитанти, кои всушност и ги бркале, соопшти Каиро.

„Заедничка сила од полицијата и војската, додека вечерва бркала терористички елементи во областа на оазите на западната пустина, случајно нападнала четири возила што ѝ припаѓале на мексиканска туристичка група“, рече Министерството за внатрешни работи на Египет во денешната изјава. „Инцидентот резултираше со смрт на 12 Мексиканци и Египќани и повреди на 10 други, кои се пренесени во болница“.