13-та за ВМРО ДПМНЕ, 19-та за СДСМ

0
608

Попладнево со жрепка во ДИК беше утврден редоследот на партиите на гласачките ливчиња за претстојните локални избори.

На локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава ќе учествуваат 20 политички партии и коалиции и 63 независни кандидати, објавија од Државната изборна комисија.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија е со ред број 13, а коалицијата на СДСМ со реден број 19.

Пецо Мицевски независниот кандидат од Новаци е под реден број 30, а Стево Пивковски во Могила под реден број 27.

Јорго Огненовски независениот кандидат за Битола е по реден број 57, а Кирчо Ташков со реден број 82.

Во Битола има и две независни листи за советници. Листата чиј носител е Габриела Илиевска е под реден број 34, а таа на Јасна Дурлова под реден број 76.

Без коментари