14 години бара денационализација

0
359

Андреја Марковски, еден од четворицата наследници на денационализиран имот кој се наоѓа во локалитетот „Фрижидери“, вели дека14 години не може да си го врати земјиштето. Решението за денационализација го добиле во 2001 година, а оттогаш досега биле во институционална битка. Од 2006 година водат постапка пред Управен суд. Она на што тој реагира е што денес токму за овој локалитетм, на седница како точка на дневен ред е ДУП, за што вели дека е незаконски. Кога била јавната презентација, тој ги дал своите забелешки. dokument

-Прво, овој ДУП од една страна е добар, но носи и свои последици. Се кршат законот за денационализација, законот за управна постапка и законот за имотно правни односи. Со донесувањето на ДУП-от општината ги крши законите, изјави Андреја Марковски.markovski

Наследниците не сакаат пари, туку си ја бараат парцелата.

-Сакам да ми се врати земјата, а за објектите ќе прифатам било каков надомест, вели тој.

Вели дека се одлучени и на радикални чекори.

-Ако се донесе ДУП-от, а општината преземе мерки за продавање на објектите, јас ќе си го заградам местото, па кој сака нека дојде, вели Марковски.

Од Комисијата за урбанизам пак велат дека донесувањето на ДУП нема допирна точка со правниот процес за денационализација.

-Сме имале и други вакви случаи при носењето ДУП, со мешовита сопственост. Тоа не е причина да се запре, од тоа може да добијат, бидејќи со оваа индустриска зона ќе порасме цената на земјиштето, изјави Златко Милошевски, Комисија за урбанизам.IZJAVA ZLATKO

Што предвидува ДУП?

-Со ДУП-от кој првпат се прави овде се задржуваат сите објекти, со можност за доградба или надградба, во зависност од инвеститорот, вели Милошевски.

Наследниците велат дека нема да се откажат од својот имот, а доколку го изгубат спорот пред домашните судови, правдата ќе ја бараат во Стразбур.