14 имигранти пронајдени во камион-ладилник во Франција

0
1353

Четиринаесет сириски имигранти, исто како и од Иран и Ирак, меѓу кои три деца и едно бебе, биле пронајдени во петокот наутро во камион-ладилник кој се движел кон Кале во северна Франција, пренесува дописникот на МИА, повикувајќи се на информација од префектурата од Па-де-Кале.

– Пет мажи, пет жени, три деца на возраст од седум до десет години, а бебето на петнаесет месеци, беа во каминот ладилник регистриран во Полска, контролиран во раните утрински часови, изјави портпаролот на префектурата.

Мигрантите биле лесно затруени од јаглерод моноксид и биле транспортирани во различни болници во близина за да бидат прегледани, изјави портпаролот. Сите се надвор од животна опасност.

Без коментари

LEAVE A REPLY