14 мртви, 17 ранети во нападот во Калифорнија

0
380

Четиринаесет лица се убиени, а 17 ранети во Сан Бернардино, Калифорнија, во центар за лица со пречки во развојот, соопшти американската полиција, која потврди дека двајцата напаѓачи, идентификувани како Саед Ризван Фарук и Ташфин Малик, се убиени.

Полицијата соопшти дека е можно Фарук (28) и Малик (27) да биле во брак или свршени.

Шефот на полицијата на Сан Бернардино Џерод Бургање изјави дека Фарук, кој е роден во САД, присуствувал на забава во центарот Инланд, а потоа се вратил вооружен и почнал да пука.

Се верува дека Фарук и Малик се единствените напаѓачи, а мотивите на нападот сè уште се непознати, објавија новинските агенции.