14 повредени, од кои 10 деца во сообраќајна несреќа

0
527

14 лица од кои 10 деца се повредени, откако комбе што превезувало ученици, попладнево излета од локалниот пат кој води до гостиварското село Падалиште. Сите патници меѓу кои и 47-годишниот возач се од Падалиште. Четворица од повредените се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош се препратени на Скопските клиники.

Се работи за две десетогодишни деца и маж и жена на 50 годишна возраст.  Останатите десет патници се задржани во болницата во Гостивар.