14 ранети во пукање во Калифорнија

0
613

Непознати лица пукале во американскиот град Бејкерсфилд. Најмалку 14 лица биле повредени при пукање од возило за време на прославата во американскиот град Бејкерсфилд во Калифорнија. Ова го соопшти РИА “Новости”, повикувајќи се на телевизискиот канал KTLV 5.

Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ по локално време. Луѓето биле на улица, кога одеднаш од автомобил била отворен оган. Според првичните податоци во автомобилот имало неколку луѓе.