14-то издание Битола на точак за сите генерации

0
192

Битола пред точно една година се приклучи кон градовите во кои се организира критичната маса велоспиедисти а сега го имаше своето 14-то издание.

Возење, дружба, запознавање на нови пријатели, анимирање на бројни битолчани од сите генерации, приближно 1.000 учесници на досегашните критични маси и над 2.500 фанови.

14- тото издание исто така со голем број учесници од сите генерации.Од најмлади до најстари, уживаа во возењето низ битолските улици, овојпат со нова рута низ повеќе места.

Kriticna_Masa_-_2.jpg

Целта на овој настан е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство.

Критична маса во Битола се одржува секој последен четврток во месецот. Вообичаеното почетно место е плоштадот Магнолија или фонтаната пред Завод и музеј а потоа се вози низ различни места од градоt.

Kriticna_Masa_-_3.jpg

Покрај дружењето се разбудува и свеста кај граѓаните за здрав начин на живот.
Останатите цели на критичната маса се-директно влијание кон намалувањето на загадувањето во нашиот град, превземање на активности со цел обезбедување на вело инфраструктура-паркинзи, знаци, патеки, кои ќе го поттикнуваат овој тип на превоз во нашиот град.