– 14 во Битола

0
470

Со -18 степени Берово утрово е најстудениот град во Македонија. Температури под нулата се измерени во речиси сите делови на земјата. Во Маврово уторово е -16, во Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Битола и Дебар -14, Куманово и Крушево -12, Штип и Скопје -11, а Демир Капија, Струмица, Пожар, Прилеп и Ѓуриште -10 степени.

Утринската температура во Тополчани, Кавадарци и Виница е – 9 степени, во Гевгелија и Претор -7, во Охрид -6 и во Дојран -5 степени.

Најмногу снег има во Маврово – 38 сантиметри, во Лазарополе има 30 сантиметри снег, во Берово 25, Пожаране 22, Крушево 19, во Ѓуриште 16 сантиметри.

Метеоролозите од утре најавуваат малку повисоки дневни температури кои од петок повторно ќе опаднат за неколку степени.