15 години Љубојна ќе слави во Битола

0
980
Print

Во среда во Битола ќе се одржи концерт за душата. Љубојна брои уште два дена до големиот концерт посветен на 15 години од нивната работа

– Посебно се радувам на местото на одржување на концертот по повод големиот јубилеј на „Љубојна“ а тоа е ракометното игралиште во Битола, каде ме врзуваат многу спомени, посебно од моите рокерски денови. По повод големиот јубилеј на „Љубојна“ на публиката ќе и понудиме вистинско музичко доживување, а за амбиентот да биде комплетен ќе имаме и гости, а тоа се Влатко Стефановски и Џамбо Агушев, изјави   Оливер Јосифовски „Љубојна“.

– Битола не е случајно одбрана за одржување на нашиот голем концерт по повод 15 години од постоењето на „Љубојна“. Имам и јас многу спомени од ракометното игралиште кои го паметам најмногу по место каде што таму се одржува фестивалот „Илинденски денови“, а поради тоа ова место ќе биде овој пат наједекватно за средба со публиката, со која таа нема да биде само гостин туку и учесник на концертот, изјави Вера Милошевска – Јосифовска.