15 години љубов со Љубојна

0
510

15 години звучна љубов, 15 години Љубојна. Јубилеј кој најубаво се слави меѓу своите.

По тој повод спектакуларниот концерт на Љубојна се одржа на ракометното игралиште пред многубројните присутни.

Мисијата на „Љубојна“ е да ги спои младите и повозрасните, да покаже дека не постои стара и нова музика, туку дека треба да се негува она што ни е наследено-истакнаа и Вера и Оливер.

А тоа го докажа и фактот кога Твојте очи Лено, која стана хит-песна на сите генерации ја пееја сите присутни на концертот.

Хит по хит, албум по албум, искрени емоции претворени во музика, Љубојна во текот на овие 15 години стана македонски бренд.

Зборот „љубојна“ е кованица од два контрадикторни збора, кои заедно се причински поврзани и заедно имаат смисла. Тоа е љубов и борба, борба за љубов, а љубовта може да ја толкувате како што сакате. Како опстојување на сцена, љубов кон музиката, љубов меѓу музичарите, меѓу луѓето, нема лимит.

Специјални роденденски гости беа виртуозите Влатко Стефановски и Џамбо Агушев.

Љубојна овојпат преку концертот донираше за сите оние кои настрадаа во поплавите.