15 години од првата изведба на претставата за Едит Пјаф

0
359

Comme moi Le Piaf, монодрамата за животот на француската шансониерка Едит Пјаф, една од највпечатливите фигури на француската сцена, поради волшебниот глас и трагична судбина, повторно беше изведена на сцената во Битолскиот театар.

Првата изведба на оваа претстава беше пред 15 години. Улогата на Пјаф ја игра актерката Елена Моше, а музичката реализација е на битолчаните Фолтин.

За оваа улога Моше критичарите ја нарекуваат македонската Едит Пјаф и улога која ја одбележа нејзината театарска кариера.
Оваа претстава е во режија на Наташа Поплавска.