15 години од Рамковниот договор

0
501

Пред 15 години во Охрид се потпиша Рамковниот или Охридскиот договор со кој завршија сите тогашни воени конфликти во Македонија. Командантите на паравоената ОНА станаа политичка партија Демократска унија за интеграција која оттогаш е во власта, а Македонија доби нов Устав и стана земја на многу народи.

Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, денеска на Попова Шапка организира работна конференција на тема „Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција“. На конференцијата ќе присуствуваат претседатели на партии, амбасадори, функционери во извршната и во законодавната власт, а поканети се и потписниците на договорот, поранешните лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

Свое излагање треба да има и дипломатот Питер Фејт од Европскиот институт за мир, кој беше присутен во земјава и во кризната 2001 година. Неговиот институт, по нарачка на Секетаријатот за спроведување на договорот, подготви извештај за спроведувањето и за она што треба да се направи како обврска од потписот ставен во Охрид пред 15 години.