15 години од загинувањето на македонски бранители кај Вејце

0
1201

Со положување цвеќе на споменикот пред СВР Битола и на споменикот „Ангел“ во паркот кај градскиот часовник денеска беше оддадена почит на четворицата загинати бранители од  Битола кои загинаа кај тетовското село Вејце во конфликтот во 2001 година.

Цвеќе положија делегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и претставници на граѓански здруженија.

На 28 април 2001 година во Вејце загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи.