15 години Пелагониски културно научни средби

0
577

Во 2001 та беа формирани Пелагониските културно научни средби и по 15 години голем број научни дејци земаат учество на средбите во Новаци.

bogoja

Богоја Таневски претседател на Пелагониските културно научни средби вели дека средбите се одржуваат во Новаци бидејќи сите научни дејци се по потекло од овој крај.

Општината со поддршка на манифестацијата.

lazar

Лазар Котевски градоначалник на Новаци вели дека општината застанува зад овие Пелагониски средби кои се од големо значење за општината.

Извршниот одбор на манифестацијата Пелагонски научни средби при Општината Новаци, на седницата одржана во април 2015 год. одлучи признанието ПОВЕЛБА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА 2015 год. да му се додели на научниот работник проф. д-р сц. Борис Ангелков од Битола. Тој на Пелагониските научни средби активно учествува редовно од 2011 година со научно-стручни трудови со теми од неговата специјалност од областа на ветеринарството, сточарството и образованието.