15 годишен битолчанец направи Оперативен Систем за мобилен кој штеди батерија

0
7314

Има само 15 години а направи Оперативен Систем за мобилен телефон. Александар Дивитаров е ученик во деветтоодделение во основното училиште СВ.Климент Охридски во Битола и љубовта кон мобилните телефони и љубопитноста кон новата технологија и програмирањето му помогна да направи оперативен систем за мобилен со како што вели подобри перформанси кој штеди електрична енергија

Системот може секој корисник да го инсталира на својот мобилен телефон и освен што ќе заштедите енергија, лесен бил за користење, вели Дивитаров. Ситемот освен на македонски објавен е и на светски форуми.

Она што е интересно е тоа што негова сестра близначака е девојката која што неодамна на државниот натпревар по бродомоделарство со мини верзијата на Титаник освои златен медал. Колку меѓусебно си помагаат

Досега Дивитаров постигнал значајни успеси во полето на програмирањето и не мисли тука да застане. Има изработено 5 оперативни системи, а на државни натпревари по програмирање се закитил со прва, втора и трета награда. Своето образование сака да го продолжи во Гимназијата Јосип Броз Тито или пак во Средното Техничкото училиште.