15 годишна фолклорна Плетенка

0
558

Фолклорната асоцијација Плетенка по повод 15 годишното постоење, одржа голем јубилеен концерт во Центарот за култура.

Оваа асоцијација e формирана со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство. Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција, нашите корени, нашиот ентитет, затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.

Оваа година покрај јубилејниот концерт имаат многубројни настани и активности во текот на целото лето, а наскоро заминуваат на турнеја .

Во однос на турнеите ФА. Плетенка има гостувано низ сите земји на Европа.

Во оваа фолклорна асоцијација работаат три секции: фолклорна,пејачка и музичка. Со секциите работаат кореорграфи,корепетитори и уметнички раководители. Најбројна е фолклорната секција која работи во 4 старосни групи: -Мали пионери, Големи пионери, Младинци и Сениори кои на концертот изведоа интересни фолклорни постановки.

Асоцијацијата за фолклор ,,Плетенка,, -Битола е формирана 2001 година.

Со многубројните концертни настапи и гостувања ширум светот остануваат амбасадори на македонското фолклорно наследство и репрезенти на македонската култура.

На крај беа доделени благодарници за сите соработници на ФА.Плетенка во текот на овие 15 години.

Во рамките нa овој јубилеј се одржа и изложба во фоајето на Центар за култура — Битола, на која беа претставени дел од активностите што АФ. „Плетенка“ – Битола ги имаше во овие 15 години.