15 милиони долари за заштита на животната средина

0
494

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо најави на економскиот самит во Давос дека неговата фондација ќе донира 15 милиони долари за заштита на животната средина.

– Не смееме да дозволиме коорпоративната алчност за јаглен, нафта и гас да ја формира иднината на човештвото, нагласи Ди Каприо.

Познатиот актер рече дека е почестен што има можност во Давос да укаже на опасноста од климатските промени.

Леонардо ди Каприо, поборник за заштита на животната средина и домородните народи, ги потсети политичарите на обврските кои ги преземаа на неодамнешниот самит за климата во Париз.