15 затвореници од Гвантанамо се префрлени во ОАЕ

0
326

САД испратија 15 затвореници од затворот во Гвантанамо во Обединетите Арапски Емирати, која е најголемата група на затвореници ослободени за време на администрацијата на претседателот Барак Обама, соопшти Пентагон.

Во Емиратите се испратени 12 јеменски државјани и тројца Авганистанци, како дел од напорите за намалување на бројот на затвореници во американскиот затвор во Куба, кој Обама сака да го затвори, јави АП.

Според официјалните податоци на Пентагон во Гвантанамо отворен во јануари 2002 година, со цел да се чуваат странски борци осомничени за поврзаност со талибанците и Ал Каеда, останаа уште 61 затвореник.

За време на мандатот на претседателот Џорџ Буш од Гвантанамо беа ослободени 532 затвореници.