16 години од терористичките напади на 11 септември

0
295

САД одбележуваат 16 години од терористичките напади, кои на 11 септември 2001 година го шокираа целиот свет.

Во нападите загинаа вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се водат како исчезнати.

Помошникот на американскиот претседател за прашањата за борба против тероризмот, Том Босфорт вчера изјави дека американските специјални служби не располагаат со податоци дека против САД се подготвуваат некакви големи напади во врска со годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Нападите во 2001 година ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда, а тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот.

Војната против тероризмот се уште трае, но Ал Каеда, чиј лидер Осама бин Ладен е убиен, ја заменија нејзините ограноци и Исламска држава, против кои се водат борби на Блискиот Исток, во Сирија и во Ирак, додека на мета на терористите се почесто се европските престолнини.

 

Без коментари