16 години затвор за капетанот на крузерот „Коста Конкордија“,

0
957

Касацискиот суд на Италија, како највисока судска инстанца, денеска ја потврди пресудата за затворската казна од 16 години на капетанот на крузерот „Коста Конкордија“, Франческо Скетино, поради предизвикување бродолом при кој во 2012 година загинаа 32 лица.

Со ова Касацискиот суд ги потврди пресудите на Основниот суд од 2015 и на Апелацискиот суд од 2016 година, со кои беше казнет Скетино.

Скетино е обвинет за повеќе кривични дела, меѓу кои и за убиство без предумисла, за предизвикување на телесни повреди и за напуштање на бродот.

Со денешната судска пресуда конечно завршува жалбената постапка во овој процес и Скетино треба да почне со издржувањето на казната.