16-годишниот Ангеловски по тестот во Ливерпул и Хетафе, тренира во Битола

16-годишниот Ангеловски по тестот во Ливерпул и Хетафе, тренира во Битола

0 2670

На понуда од ФФМ и селекторот на младите категории Зоран Мицевски, младиот Џејк Ангеловски деновиве тренира во Битола, откако мина недели на искуство во Ливерпул и Хетафе. Младиот 16-годишен голман роден во Мелбурн, настапувал за неколку австралиски клубови, а сега работи со Пеце Коруновски во градот од каде потекнуваат неговите родители. „Задоволен сум што работам тука во Битола со Пеце Коруновски, во Европа условите се многу подобри и верувам дека ќе напредувам. Минав одличен период во Англија и Шпанија и ќе се вратам со големо искуство во Австралија“, смета Ангеловски.

Тренерот Коруновски смета дека младиот Џејк има перспектива и дека ако вака напредува и следната сезона работи во Европа може да ја продолжи традицијата на добри битолски голмани.

Без коментари

Оставете коментар