16 станови купени преку проектот „Купи куќа, купи стан“

0
359

Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола го посети домот на Љупчо Чурановски, купен со поддршка од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот „Купи куќа – купи стан“.

-Во рамки на проектот во Битола купени се 16 стана, односно толку наши сограѓани ја искористија поддршката од Министерството за финансии во вкупна вредност од околу 80.000 евра – рече Марија Котевска Шкрековска, член на Комисијата за економија и финансии ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

-Како млад брачен пар имавме потреба да купиме стан со цел формирање независно домаќинство, за наша среќа Владата на РМ го имаше донесено овој проект чии поволности ги искористивме и истите се од голема помош при донесувањето одлука за купување сопствен дом, рече Љупчо Чурановски еден од корисниците на овој проект.