1600 слободни места за 867 деветоодделенци

0
1307
upisi vo sredni ucilista , ucenici, josip broz tito i medicinsko uciliste, pance karagozov

Објавен е конкурсот за запишување ученици во вкупно 7 јавни средни училишта во Битола за учебната 2016/2017 година.Слободни места има 1600 а завршени 867 деветтооделенци .Условите за запишување на учениците се да имаат завршено девето образование, да не се постари од 17 години и да се определат да се запишат во гимназиско, стручно, средно уметничко образование или средно образование за ученици со посебни образовни потреби.При пријавувањето учениците треба да достават пријава за запишување која може да ја подигнат од училиштето и е бесплатна, оригинални свидетелства од петто до осмо одделение и извод од матичната книга на родените.

-Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок. Првото пријавување е на 28 и на 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни, изјави Снежана Петровска советник за образование во општина Битола

Критериумите за избор се средниот успех на ученикот, односно оценките од петто до деветто одделение, среден успех на ученикот постигнат по четири предмети, односно мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката, како и дипломи од освоени места на меѓународните и републичките натпревари по истите предмети.Во училиштата каде се пријавени поголем број ученици отколку што има места, а кои имаат еднаков број поени, ќе се спроведе квалификационо тестирање по предметите значајни за струката.

За два дена почнува полагањето на државната матура за учениците од завршните години. В сабота матурантите ќе го полагаат задолжителниот предмет по мајчин јазик, а до 15 јуни ќе треба да ги полагаат и уште двата екстерни предмета.Околу 200.000 ученици се подготвуваат за државна матура или екстерно изјави вчера заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски